Нови моменти за грбот на Град Скопје

Автори

Клучни зборови:

грб на Скопје, урбана хералдика, Михајло Шојлев, хералдички развој

Апстракт

Статијата ги разгледува најновите сознанија за потеклото, авторството и развојот на грбот на Град Скопје, најстариот градски грб во Република Македонија. Врз основа на архивски материјали, музејски извори и новооткриени артефакти, се анализираат најраните претстави на грбот од крајот на 1920-тите и почетокот на 1930-тите години. Истражувањето покажува дека основните елементи на грбот, Камениот мост, реката Вардар, тврдината Кале и планинскиот пејзаж, биле утврдени во овој период и останале присутни до денес. Посебно внимание се посветува на можната авторска улога на академскиот уметник Михајло Шојлев роден во Велес 1887 година и кој завршил уметничко училиште во Софија 1914, за кого новите податоци укажуваат дека е веројатен творец на грбот. Тој е активен во  културниот и уметничкиот живот на Скопје од 1929 година. Трудот ја обработува и досега недоволно познатата варијанта на грбот од периодот на бугарската окупација (1941–1944), реконструирана врз основа на архивски документи и новооткриен предмет со хералдичка претстава. Анализата придонесува кон подобро разбирање на континуитетот и еволуцијата на визуелниот идентитет на Скопје.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографија на авторот

Jovan Jonovski, Macedonian Heraldic Society

Претседател и главен хералд на Македонското грбословно друштво

Преземања

Објавено

2026-11-24

Како да се цитира

Jonovski, J. (2026). Нови моменти за грбот на Град Скопје. Мaкедонски хералд - Macedonian Herald, 26. Retrieved from https://www.journals.mk/index.php/mkherald/article/view/6889

Издание

Секција

Рецензирани статии

Категории

Најчитани трудови од истиот автор(и)

<< < 1 2 3 4 > >> 

Слични трудови

1 2 3 4 5 6 > >> 

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.